(ВИДЕО) 11-годишно девојче известува Газа: Моите родители видоа колку сум одлучна и попуштија 

Сумаја Вушах (11) е една од најмладите новинарки во Газа кои известуваат за Палестинците.

Во интервју за Ал Џезира, вели дека не се плаши да известува од завојуваниот Појас Газа, каде од 7 октомври досега во израелските напади се убиени повеќе од 100 новинари.

„Мајка ми и татко ми беа загрижени кога почнав да известувам бидејќи знаеја дека новинарите се цел. Но, видоа дека сум одлучна, па ми дозволија“, вели Вушах.

Била инспирирана да ги раскаже приказните за Палестинците во Газа од репортерот на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, ветеран новинар кој бил убиен од израелски снајперисти во Џенин.

„Уште пред војната сонував да станам новинарка и сакав да се докажам пред светот. Мојот пример е Ширин Абу Аклех. Господ да ја помилува. Сакав да работам како таа”, рекла девојката.

„Не знам дали ќе бидам мета додека одам на терен, се враќам или дури снимам“, вели 11-годишното девојче

Back to top button
Close